За Нас

За Кањон Матка

Нашата Приказна

Хотел и Ресторан Кањон Матка започнува со работа во 1939 година. Хотелот наликува на двоспратна колиба, необична градба распослана низ богатиот пејсаж. Објектот располага со десет соби, уредени според локалната традиција, со карактеристичните големи прозорци. Во понудата се вклучени еднокреветни и двокреветни соби, удобно наместени, опремени со телевизор и бесплатен интернет. Собите се пријатни за престој, за добар одмор и мирен сон.

Ресторан Кањон Матка нуди извонредно мени кое ја задржува автентичноста на Македонската традиционална кујна. Храната е внимателно подготвена и сервирана, а за впечатокот да биде уште посилен, сето тоа е надополнето со популарни вина и десерти.

Организираме и приватни забави.

КОНТАКТ