Ресторанот и Домот Кањон Матка почнуваат со работа во 1939 година. Домот наликува на двоспратна колиба, необична градба распослана низ богатиот пејсаж. Објектот располага со десет соби, уредени според локалната традиција, со карактеристичните големи прозорци.